fbpx

Солунската европратеничка Каили го брани грчкото вето за Македонија

-

Грчката европратеничка Ева Каили  ја вжешти дискусијата за спорот за името на предавање организирано од канцеларијата на Европарламентот во Холандија, по повод годишниот самит на собраниската комисија на НАТО. Самитот на претставниците на собраниските комисии на членките на НАТО се одржуваше во Хаг од 21 до 24 ноември. Каили остро реагираше на изјавата на американскиот сенатор Мајкл Тарнер, кој говорејќи за проширувањето на НАТО и за Македонија, нѐ именуваше под уставното име, посочувајќи дека спорот за името не треба да биде пречка за приемот на нашата држава во алијансата.

Солунската пратеничка жестоко возврати дека никој нема право да ѝ го укине на Грција правото на вето над оваа тема додека не се реши спорот за името.

– Никој не може да ни го негира правото на вето додека не се реши конечно ова прашање, за да можам, кога велам дека сум од Македонија, да не мора да објаснувам од која Македонија сум – изјавила Каили во одговор на говорот на Тарнер.

Европратеничката на ПАСОК, стана дел од новиот состав на Европарламентот како дел од  коалицијата на левиот центар „Маслинка“.

Според неа, отворените проблеми со држави кои не се членки на алијансата треба да се решаваат надвор од неа.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...