fbpx

„Солидарност“ повикува на протести секој ден во 18 часот

-

Граѓаните на Македонија веќе не чувствуваат страв – тие чувстуваат гадење од нечовечната власт на ВМРО-ДПМНЕ и незадржлив порив за конечно ослободување на Македонија, велат од левичарското движење „Солидарност“.

„Во моментот кога една влада крева рака на својот народ, јасно е дека нема враќање назад. Со ќотекот врз невините граѓани, тие го покажаа вистинското лице: спремни по секоја цена да останат на власт, без грам совест и чест, без волја никого да сослушаат, без трошка одговорност! За нив, ниту голиот човечки живот нема вредност! Јасно е како ден: тие нема да си дадат оставки, судовите нема да ги гонат, а јавниот сервис тоа нема да го пренесува! Во борбата ние мораме да се сплотиме, солидарно и истрајно да ја истераме до крај нашата правдина!
Токму затоа, „Солидарност“ повикува на масовно, солидарно и самоорганизирано дејствување на сите граѓани кои веќе не можат да го издржат притисикот на оваа нечовечка власт! Ги повикуваме сите организации, општествени движења и групи граѓани кои изминатиов период ни служеа како инспирација и кои безрезервно ги поддржуваме: студентскиот, професорскиот, средношколскиот и наставничкиот пленум; движењето за оставка на Никола Тодоров; хонорарците, стечајците, невработените, експлоатираните и ограбените; сите оние кои немаат пари да си ги платат сметките или да го преживеат месецот! Сите знајни и незнајни жртви на овој режим! Да застанеме солидарно едни до други, секој ден во 18 часот, сè до заминување на оваа власт“, се вели во повикот од „Солидарност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...