Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) информира дека на седница на Управниот одбор е донесена одлука за разрешување на Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски од функциите потпретседатели на Сојузот.
Истовремено, двете лица се исклучени и од членството во ССК, како претставници на компании-членки. Од Сојузот истакнуваат дека Георгиевски и Костадиновски повеќе немаат никаква поврзаност со институцијата, ниту имаат право да ја претставуваат во јавноста.
Од Сојузот додаваат дека остануваат посветени на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата.
