Откако вчера Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека владиниот претставник не дошол на закажаниот состанок, каде требаше да се потпише Спогодбата за утврдување на висината на минималната плата со која минималната плата треба да се зголеми на 600 евра а сите останати плати за 6000 денари, ССМ денес најави блокади.
На социјалните мрежи, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека на 10 февруари, кога е закажана седница во Собранието, ќе се блокираат пратениците.
На 12 февруари, како што најавува Трендафилов, ќе следи втората блокада пред Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Органзиацијата на работодавачи, а на 17 февруари е закажана блокадата на Владата.
Од Сојузот за утре најавија доставување на иницијатива во Собранието за измени и дополнување на Законот за плати и други надоместоци на пратениците и на други избрани и именувани лица.
Барањето на Сојузот е минималната плата да изнесува 600 евра, а сите останати плати за се покачат за 6000 денари. Доколку Владата не одговори на барањата на работниците, од Сојузот најавуваат уште протести, како и одлука за генерален штрајк.
