Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

Хегсет предупреди дека војната во Украина мора да биде „повик за будење“ за европските сојузници на НАТО да вложуваат повеќе на сопствените одбранбени буџети

-

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес.

Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина без нивна инволвираност.

„Не може да има преговори за Украина без Украина. И гласот на Украина мора да биде во срцето на сите разговори“, изјави министерот за одбрана на ОК, Џон Хили за новинарите во седиштето на НАТО.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет негираше дека САД ја предале Украина со започнување преговори за нејзината иднина без целосно вклучување на Киев. По разговорите со Путин, а потоа и со Зеленски, Трамп во средата рече дека „најверојатно“ ќе се сретне лично со рускиот лидер во блиска иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Хегсет предупреди дека војната во Украина мора да биде „повик за будење“ за европските сојузници на НАТО да вложуваат повеќе во сопствените одбранбени буџети.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој претседаваше со состанокот, рече дека каков и да е постигнатиот договор меѓу Русија и Украина, од клучно значење е „мировниот договор да трае, и Путин да знае дека ова е крајот, дека никогаш повеќе нема да може да се обиде да заземе делови од Украина“.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...