Софија остро реагира на холандската блокада за прием на Бугарија во Шенген зоната

-

Остри реакции од бугарските власти по одлуката на Холандија да го блокира пристапот на Бугарија во европската Шенген зона, пишува Бугарското национално радио. Вчера владата на холандскиот премиер Марк Руте објави дека ќе се согласи со прием на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија. Холандија стави вето поради тоа што Бугарија не успеала да постигне задоволителни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Прифаќањето на нови членки во Шенген зоната бара едногласност од сите земји-членки на ЕУ.

„Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на Фејсбук.

„Нашите напори не заслужуваат занемарување! Нашите напори не заслужуваат навреди“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев.

Министерот за правда Крум Зарков пак вели дека Холандија нема право да не ја сака Бугарија во Шенген и за него ова е апсолутно неприфатлив, политички и правно неоснован чекор.

Австрија, исто така, изрази резерва за членството на Бугарија во Шенген зоната. Канцеларот Карл Нехамер изјави дека неговата земја го поддржува членството на Хрватска, но е против приемот на Бугарија и Романија.

Европската комисија неколку пати соопшти дека Бугарија, Романија и Хрватска ги исполнуваат критериумите и се подготвени за членство во Шенген зоната. Европскиот парламент повика земјите да бидат прифатени во зоната без натамошно одлагање.

Шенген зоната им овозможува на луѓето слободно да се движат, без проверка на идентитетот. Во Шенген зоната има 26 земји-членки, од кои четири не се дел од ЕУ.

Инаку, холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по владиниот состанок изјави дека е „прерано“ да се постигне согласност за пристапување на Бугарија. Тој не ја исклучи можноста Холандија да ја преиспита својата одлука кога ќе стане јасно дека Бугарија е способна да се бори против корупцијата и организираниот криминал.

Одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, изјави холандскиот премиер Марк Руте, додавајќи оти таа се заснова на факти.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...