fbpx

Софија го достави Договорот за добрососедство со Македонија на ратификација во парламентот

-

Владата на Бугарија денеска и формално го достави Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија на ратификација во бугарското Народно собрание.

Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје, од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Ратификацијата на документот е израз на желбите на Бугарија да изгради добрососедски односи врз основа на европските вредности, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската влада.

„Договорот ќе даде видливи резултати во однос на проширувањето на транспортните врски и комуникации меѓу двете држави, учество и обезбедување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на комуникацијата меѓу луѓето на двете земји“, велат од бугарската влада.

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија формално ќе стапи на сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...