Вo дел од снимките што ги обелодени денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се чујат, како што рече Заев, премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како се договараат да го средат проблемот со „Космос“ на Фијат Цаноски.

Во разговорите има сочни детали и може да се чуе саркастично смеење на Груевски на сметка на Цаноски и задоволство дека успеале да го понижат и да го уништат неговиот проект.

  • Бааѓи исплашен. Бааѓи. Значи не сум го видел ваков досега, никад.
    Го оставив, се испука.
  • Ама, викам, тоа не значи дека човеков ради тоа не ти дал, него сигурно има некоја техничка… Проблем некој, викам…
  • И почна да се правда за тие две работи. И на крај му реков, ај, викам, ќе поразговарам со Миле, да видам што се проблемите, па ќе ти јавам вечер. (Го имитира Цаноски) „Молим те вечер да ми јавиш, утре ми е Рамазан, мирно да спијам вечер. Не можам више да спијам“. Хахахаха.
  • Ми се виде стварно многу исплашен, дури жал ме фати у еден момент, да ти кажам.
    Он сакаше сега средба да прави со Велија. Ја му реков ќе размислам за тоа. Мислам дека сега Велија реда-ради сака да направи средба. И нејќам да ми рачуна дека заради Велија се завршила работата. Нека си го рачуна од нас, еве завршено.
  • Добро излезе. Значи, не да е посран – му тече и низ панталони.
  • Не смее и не може како сирење да нè решета, знаеш. Ај, овие, кој ги ебе, ама ја ќе си најдам поединци и на ваков или онаков начин ќе си ја завршам работата. Да види дека сме компактна целина.
  • И дека кога ќе ја нападне целината, поединците знаат да се повлечат два чекора назад и да му речат стоп. А ништо не му бараме.
  • Ништо не му бараме. Само за ова, за парламент ми се правдаше, (Го имитира Цаноски) „Молим те да не доаѓам, молим те, не можам да издржам тоа“. Хахаха.
  • (Го имитира Цаноски): „Молим те, у бизнис сум, не знам главата кај ми е. Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам, кај сакаш, нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш…“ Хахахахахахаха… „Дај ако треба да потпишам негде“. Ама мртов озбилен. Хахахахаха…
  • Ја вечер ќе му се јавам, малку нека размишља до вечер. И тоа ќе му се јавам покасно. Хахахаха. Накај единаесет и пол ќе му се јавам. Хахахаха. И ќе речам, „зборев со Миле, комплицирана е ситуацијата, сè уште нема одговор оттаму, пратил во Катастар, неформално, ама не му даваат нешто одговор. Вртев и таму“, ќе речам, „таму нешто сакаат нешто по архиви да најдат, нешто ова-она, ама ќе убрзаме, Миле ќе ризикува ќе го потпише у понеделник, ууу среда, до крајот на денот у среда“.
  • А у среда, ти при крај на денот ќе му го потпишеш, пошто од сабајле е гласањево. Да не случајно го фати стомак.
  • Ако те бара денес, не му се јавувај, за да бидеш константен.
  • А после, откако ќе потпишеш, јави му се и речи „Не, тоа без везе си се љутел ти, си чекав јас“, речи „потврда, ама, еве, запна премиерот“, речи „и, да ти учиниме, ризикував малце“.
  • Е така, ќе го направам дека и ти си се стаил у ризик.
  • Така да малце порадосен го пуштив. И сега он вика „Ако сакате да ми помогнете, треба Миле да ми одговори на жалбата, да ја врати кај овој и да се реши. Така ли е?“ Така да, малце порадосен го пуштив.
  • Знаеш зошто вака постапив? Не знам дали сум ти кажал. Ќе го тужи Коце и овој, Тони. На тоа ќе се сведе. Ќе им земе оштета и ќе ги брка лично.
  • …Да може и пак, ако треба. Ама не да… да не биде вака, по вина на Тони и на Коце. Оти ова испаѓа по вина на Тони и Коце, он ќе си ги земе парите назад на суд, со камата. Тони и Коце ќе го јадат, и со кривични и со…можда и со пари, не знам. Они се вознемирени до даска, нон-стоп ми пуштаат пораки и двајцата.

Ваквото однесување и јазик на премиерот, предизвикаа серија реакции од „Твитер“ заедницата.