fbpx

Собраниската седница за уставни измени почна

-

Почна собраниската пленарна седница на која на дневен ред e Предлогот на Владата за уставни измени кои произлегуваат од Договор со Грција. Владиниот предлог за уставни измени ќе го образложи премиерот Зоран Заев.

На седницата се присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу кои е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој утрово побара одложување на денешното судско рочиште на СЈО, „Т.Н.Т“ за да биде присутен на седницата. Седницата започна со задоцнување поради координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред почетокот на седницата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара предлогот за уставни измени да се симне од дневен ред, бидејќи како што рече, Собранието нема изборен легитимитет да одлучува за овие измени.

„Ниту еден пратеник од ова Собрание не даде ветување за промена на Уставот“, рече Димовски.

Предлогот на Димовски беше отфрлен со 39 гласа „ЗА“ и 67 „против“.

Пред Собранието се одржува протест на десетина граѓани во организација на Здружението на граѓани „Преродба“ од каде што најавија протести и блокади пред Собранието секој ден со почеток во 10.00 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...