Собранието не ги изгласа интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени

Четирите интерпелации кои ги поднесе Европскиот фронт не добија поддршка ниту од владеачкото мнозинство, ниту од опозициската СДСМ.

-

Пратениците во Собранието не ги изгласаа интерпелациите за вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени. Доцна синоќа Собранието расправаше за четирите интерпелации кои ги поднесе Европскиот фронт, но кои не добија поддршка ниту од владеачкото мнозинство, ниту од опозициската СДСМ.

Со интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се побара политичка одговорност и оставка поради неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи, а како промери беа неведени случајот од 28 ноември со палењето на државното знаме, Балансерот, одлуките на Владата за бришење на дијаспората и Законот за јазиците.

Од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ се бараше одговорност за работата за спроведување на Рамковниот договор поради неспособноста и неговиот пораз во унапредувањето на меѓуетничките односи.

Селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември, негарантирање еднаквост и безбедност за сите граѓани, неспособност за праведност и реторика која ја продлабочува етничката поделба, се само некои од причините за интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“.

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени „Европски фронт“ во интерпелацијата го обвини дека покажал неспособност да ја извршува функцијата, не успеал да ја зачува безбедноста и придонел за поттикнување на меѓуетничките тензии.

На седницата беше изгласана само интепрелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, поднесена од пратеничката група на „Левица“. Подоцна, Кабинетот на претседателот на Собранието соопшти дека ова гласање нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство бидејќи именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.

Од коалицијата ВЛЕН синоќа информираа дека Илире Даути не е разрешена и дека таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...