fbpx

Собранието на раб на инцидент со опозициски турканици пред говорницата

-

Во собраниската сала страстите се вжештија по 19 часот, кога пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата спорејќи со претседателот на Собранието, при што во надвикување и метеж, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја извлекол картичката на претседателот на Собранието, па тој повика обезбедување, а речиси сите присутни пратеници од опозициската партија беа насобрани околу говорницата.

Целата драма, освен десетминутната пауза, потраја до 20 часот, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вревеа и дофрлаа. По некое време ситуацијата се смири и претседателот Талат Џафери го повика обезбедувањето да излезе од салата, по што и пратениците се вратија на своите места. Потоа уследи расправија и докажување меѓу Илија Димовски и Талат Џафери, во кои Димовски го вмеша и координаторот на пратеничката група на СДСМ Петре Шилегов, кој не беше присутен, велејќи дека и Шилегов му кажал дека не може да се разбере со Џафери. Џафери пак кажа и дека се во салата се случува според истиот правилник за редот и дисциплината во Собранието кој бил на сила и на 24 декември 2012 година.

Пред целата врева, Собранието беше еден час на пауза, која ја побара Драган Данев, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ. Откако работата продолжи кратко по 19 часот, по една реплика со процедурална забелешка се вклучи Зоран Илиоски кој побара еден час пауза, затоа што како што рече, не знаат како Џафери планира да ја води седницата. Џафери наместо тоа ја повикуваше пратеничката Павлинче Честојнова да излезе да зборува, а Илиоски и Димовски пред неговата маса се расправаа со него, при што Димовски ја извлекол картичката на Џафери. Потоа тој повика и тогаш кај говорницата се собраа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи пауза, при што најгласен беше Влатко Ѓорчев. Секоја од страните стоеше на своето уште неколку минути, по што Џафери даде 10 минути пауза.

Веднаш по неа работите продолжија како и претходно, со обезбедувањето и пратениците околу говорницата, при што повторно се бараше пауза и пратениците, посебно Ѓорчев му дофрлаа на Џафери дека неправилно ја води седницата и дека е првиот претседател на Собранието во 70 годишнан историја што пет пати повикал полиција во салата. По помалку од десет минути потоа сепак Џафери го повика обезбедувањето да ја напушти салата а пратениците да се вратат во фотелјите.

Потоа уследи долга расправија со Илија Димовски за тоа како се води седница, при што Димовски приговараше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да знаат каков е планот за работа и рече дека Џафери мора да ја смири нервозата. Притоа беа споменати и насилствата од 24 декември 2012 година.

Полемиката како и кога да се дава пауза и како се работело претходно и како се договара работењето прекина во 20 часот, кога Илиоски го повтори барањето за пауза, порачувајќи дека од побараните час, Џафери дал 10 минути пауза и остануваат 50 минути за пратениците да се координираат.

Веднаш Џафери прогласи пауза до 21 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...