Собранието ја урива суштината на КСЗД преку именување членови под партиски клуч кои не ги исполнуваат законските услови

Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека избирањето на овој кандидат за член на КСЗД не само што не e во служба на заштитата на човековите права, туку и би било погубно за човековите права, еднаквоста и недискриминацијата во нашата држава

-

На 02.04.2025 година во Собранието на Република Северна Македонија се одржа 24та седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која утврди Предлог – одлука за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во неполни 24 часа откако се одржа седницата за јавна расправа.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата до пратениците на Собранието го предложува Вецко Здравески за иден комесар со мандат од пет години, кандидат кој е партиски кадар и не ги исполнува критериумите за избор.

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на Република Северна Македонија да не го прифати овој предлог и да не го изгласа овој кандидат како иден член на КСЗД.

Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека избирањето на овој кандидат за член на КСЗД не само што не e во служба на заштитата на човековите права, туку и би било погубно за човековите права, еднаквоста и недискриминацијата во нашата држава. Спроведеното интервју со кандидатот, неговото претставување, а особено одговорите на прашањата од публиката биле на незадоволително ниво по сите стандарди за избор на член на телото за еднаквост.

Дополнително, кандидатот Вецко Здравески претходно бил член на Комисијата за верификација на факти, согласно Законот за лустрација, процес кој предизвика јавна загриженост и беше предмет на критика од страна на Европската Унија, во однос на можни неправилности и повреди на човековите права. За дел од работата во оваа Лустрациска комисија, кандидатот Вецко Здравески бил обвинет заедно со Антонијо Милошоски во случајот „Моќник“. Случајот беше затворен поради застареност на кривичните дела, а како директна последица на измените на Кривичниот законик.

„Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека изборот на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација повторно се прави по партиски клуч и со партиски кадри. Имено, кандидатот Вецко Здравески е несомнено симпатизер од владеачката ВМРО–ДПМНЕ и неговата наклонетост кон оваа партија тој јавно ја изразувал во неколку наврати, дури и директно со зборовите: „ВМРО е судбина и иднина за Татковината“. Ваквиот избор на партиски кадри без искуство и знаење од областа значи ризикување на досега постигнатите резултати од областа на антидискриминација, клучна и за процесот на интеграција во ЕУ. Изборот на кандидати коишто не ги исполнуваат законските услови и кај кои има сомнежи за нивната независност или непристрасност не може да резултира со мислења коишто ќе ги заштитат жртвите на дискриминација,“ стои во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација која бара Собранието да не го изгласа предложениот кандидат.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...