fbpx

Собранието ја констатираше оставката на Зоран Заев, во оставка е и целата Влада

-

Со аплауз на пратениците од опозициските партии, Собранието на РСМ денеска ја констатираше оставката на досегашниот премиер Зоран Заев. Со усвојувањето на неговата оставка, во оставка е и целиот состав на Владата на РСМ. Притоа, постојниот владин состав технички ќе ги извршува функциите до изборот на новиот владин состав.

Во согласност со легислативата, по констатирањето на оставката на премиерот Зоран Заев, Собранието треба официјално да го извести претседателот Стево Пендаровски за оставката. Во рок од десет дена, партијата или партиите што го имаат мнозинството во парламентот ќе треба да го известат Пендаровски за името на новиот мандатар, по што Претседателот ќе треба да предаде мандатот за составување на новата влада.

Рокот што го има претседателот Пендаровски истекува на почетокот на јануари, а од СДСМ веќе информираа дека нов мандатар за формирање на владата ќе биде Димитар Ковачевски. Штом го добие мандатот од претседателот, Ковачевски ќе има рок од 20 дена во којшто треба да го оформи списокот со министри и да го достави во парламентот, заедно со програма за работа.

Откако до Собранието ќе биде доставен предлогот за состав на Владата и програмата за работа, пратениците ќе имаат рок од 15 дена за да ја одржат собраниската седница, на која што расправата за составот за нова влада ќе може да трае максимум два дена.

Очекувањата се новата влада да се формира до крајот на јануари 2022 година, но составот на новата влада засега не е целосно познат. За разлика од министрите коишто ги предложија ДУИ и Алтернатива, како и помалите коалициони партнери на социјалдемократите, во моментов не се познати имињата на кандидатите за министри на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...