Собранието ја изгласа интерпелацијата за Весна Дамева – реформа или политички притисок врз судството?

Поранешната претседателка на Судскиот совет во своето обраќање во Собранието истакна дека оваа одлука не е решение за проблемите во правосудниот систем, туку напротив, ќе ги продлабочи

-

Со 7 гласа „за“, македонското Собрание ја изгласа интерпелацијата за поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, но сè уште е нејасно дали тоа ќе значи и нејзино заминуваче од функцијата. Оваа одлука предизвика бурни реакции во јавноста, а самиот процес беше проследен со жестоки дебати меѓу власта и опозицијата.

Пратениците кои ја поддржаа интерпелацијата истакнаа дека Дамева не ја извршувала својата функција во согласност со принципите на независност и ефикасност во судскиот систем. Според нив, нејзиното раководење со Судскиот совет било спорно и го нарушило угледот на институцијата.

Од друга страна, опозицијата и дел од експертската јавност предупредија дека ваквиот чекор може да има негативни последици врз независноста на судството.

Дамева во своето обраќање во Собранието истакна дека оваа одлука не е решение за проблемите во правосудниот систем, туку напротив, ќе ги продлабочи.

„Интерпелациите нема да го решат проблемот со судството, туку само ќе го продлабочат“, изјави Дамева, потенцирајќи дека нејзината интерпелација е политички мотивирана. Таа додаде дека оваа одлука остава простор за натамошен притисок врз судската власт и предупреди дека судството може да стане уште поподложно на политички влијанија.

Во текот на дискусијата, пратениците кои ја поддржаа интерпелацијата истакнаа дека Судскиот совет под раководство на Дамева, не успеал да обезбеди подобрување во функционирањето на судството. Пратениците на опозициските партии СДСМ и ДУИ пред гласањето ја напуштија салата, додека пратениците на опозициската „Левица“, ја поддржаа интерпелацијата.

Сепак, поддржувачите на Дамева сметаат дека разрешувањето е чекор кон натамошна контрола врз правосудниот систем од страна на политичките структури.

„Мора ли да газите живи луѓе?“ – праша Дамева во својот говор пред пратениците, нагласувајќи дека одлуката не е резултат на вистинска грижа за реформите во судството, туку одраз на политички пресметки.

Се очекува денеска да бидат изгласани интерпелациите на вкупно пет членови на Судскиот совет. По оваа одлука, сепак останува неизвесно дали тие ќе се повлечат од своите функции.

Судскиот совет беше во центарот на вниманието на новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ЗНАМ и ВЛЕН, од каде дури се појавија предлози Советот да биде укинат.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...