Собранието го ратификуваше Договорот со Обединетото Кралство, верзијата на англиски јазик потпишана со непостоечка функција

Во верзијата на договорот на англиски јазик, наместо потпретседател на Владата, потписот на Александар Николоски стои под функцијата потпретседател на Република Северна Македонија. Според опозицијата тоа го прави договорот ништовен, а според власта тоа е само техничка грешка. Во верзијата на македонски јазик, функцијата на Николоски е точно напишана

-

Собранието попладнево (28.05.2025 г.) го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

Гласаа 82 пратеника, од нив 76 гласаа ЗА, а 6 против, воздржани немаше.

Во верзијата на договорот на англиски јазик, како што е поставен на веб-страницата на Собранието, наместо потпретседател на Владата, потписот на Александар Николоски стои под функцијата потпретседател на Република Северна Македонија. Според опозицијата тоа го прави договорот ништовен, а според власта тоа е само техничка грешка. Во верзијата на македонски јазик, функцијата на Николоски е точно напишана.

Принтскрин од копија од договорот каде што стојат потписите на верзијата на англиски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, претходно на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека заемите што ќе произлезат од договорот со Велика Британија нема да бидат врз основа на македонскиот кредитен рејтинг, туку на британскиот и тоа ќе овозможи каматни стапки пониски од 4,5 отсто.

Иако Мицкоски рече дека каматната стапка ќе биде пониска затоа што „ние го користиме кредитниот рејтинг од Обединетото Кралство, кој ќе биде ААА“, се чини дека тоа не е сосема точно. Имено, по референдумот за излез од Европската унија, кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство агенциите го намалија на АА.

Договорот за партнерство за финансирање на инфраструктурни проекти беше потпишан на 22 мај 2025 година во Лондон, како дел од пошироките напори за зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство во областите на енергетика, здравство, дигитална трансформација и критична инфраструктура. Тој е логично продолжение на веќе воспоставени билатерални договори за стратешко партнерство, трговија, одбрана и безбедност.

Анексот А на договорот вклучува реконструкција на болници во неколку региони, изградба на брза железница долж Коридорот 10, развој на Коридорот 8, дигитализација на јавната администрација и зајакнување на енергетските капацитети. Но, нема конкретни детали за ниту еден проект.

Финансирањето ќе се обезбедува преку британскиот инструмент UK Export Finance (UKEF), со лимит од 5 милијарди фунти. Средствата ќе бидат распределувани поединечно и условено, врз основа на правна и финансиска проверка на секој проект.

Договорот нема правно обврзувачки карактер и не предвидува судска или арбитражна разрешница за можни спорови. Се смета за политичка рамка, базирана на меѓусебни консултации.

Договорот ќе важи 10 години, со можност за раскинување со писмено известување 60 дена однапред. Прекинувањето нема да влијае врз веќе започнатите проекти.

За неговото спроведување ќе бидат одговорни пет министерства: за транспорт, здравство, енергетика, дигитална трансформација и надворешни работи и трговија.

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...