fbpx

Собранието го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

-

Со 61 глас „за“, без против и без воздржани, Собранието на РСМ вчера ја усвои одлуката за избор на седумте члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За членови на Комисијата со мандат од пет години избрани се Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска-Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од Пласница и Ирфан Деари, лекар специјалист од Боговиње. Додека пак, за членови со мандат од три години се избрани членовите: Кире Василев, политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки и Весна Бендевска, психолог од Битола.

Целосните биографии на новите членови, како и на сите кандидати пријавени на огласот може да се прочитаат на овој линк.

Претходно, Здружението ЕСЕ и Мрежата за заштита од дискриминација побараа да се смени праксата за поставување партиски кадри во Комисијата и да започне транспарентна и отчетна постапка за избор на членовите.

Законот за спречување и заштита од дискриминација беше донесен во октомври минатата година, откако беше вратен на повторно гласање во Собранието по неговото укинување во мај 2020 година со одлука на Уставниот суд, бидејќи во 2019 година не бил донесен со потребното мнозинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...