fbpx

Собранието го донесе законот за ДИК со шестмесечен мандат

-

Со 80 гласа за, без гласови против, Собранието го донесе Предлог – законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој ќе се воспостави привремен состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Со овој закон, кој беше договорен од власта и од опозицијата, а беше поднесен од пратениците Томислав Тунтев, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, координатори на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса, се предвидува во ДИК во следните месеци да  нема членови – експерти, а мандатот на членовите да биде шест месеци, до есен, за кога се предвидуваат повеќе измени на закони што се однесуваат на изборите.

Образлагајќи ја потребата да се донесе законот по скратена постапка, Тунтев вчера рече дека тој е изготвен во договор и на власта и на опозицијата, со цел да се овозможи изјаснување на граѓаните. Тој појасни дека измените што заеднички ги доставуваат двете спротивставени страни е шестмесечен мандат за седум члена на ДИК, при што потпретседателот на ДИК и три члена ќе ги предлага власта, а претседателот и два члена опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...