Собранието го усвои буџетот за 2020 година со 65 гласа „за“ и 23 „против“ како и Законот за извршување на буџетот од 2020 година во рамки на 125. седница.

Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на ниво од 2,3 отсто.

За власта буџетот е развоен, за опозицијата – популистички и предизборен.