fbpx

Собранието денеска расправаше за два закона

-

Во рамки на првото продолжениe од 21. седница, Собранието на Република Македонија денеска го поддржа во прво читање предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје и ја заврши расправата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за кој гласањето ќе биде по редовната пауза.

Во образложението на предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје, заменик-министерот за финансии, Ардиан Џеладини, рече дека основно решение што се предлага со законот е претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени кредити од странство од страна на државата во период 2013-2014 година, во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје.

Во образложението на измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, заменик-министерот за финансии Џеладини рече дека целта е уредување на стапката и основицата за пресметување на придонесот за задолжително здравствено осигурување на иселениците-државјани на Република Македонија кои примаат пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...