fbpx

Собранието денеска ќе расправа за повеќе закони

-

Собранието денеска ќе расправа за измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка поднесени од Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Александар Николоски. Покрај овој, на дневен ред ќе бидат и предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, по скратена постапка; предлог-законот за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка; предлог-законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и во средното образование, по скратена постапка, предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка – читање; предлог-закон за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за одговорност на судија, по скратена постапка; предлог-закон за академијата за судии и јавни обвинители, по скратена постапка во второ читање.

Претходно, со девет гласа „за“, со ниту еден „против“ или „воздржан“, собраниската Комисија за образование го изгласа предлог-законот за високото образование пред повеќе од еден месец, а пред една седмица пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара изменување и дополнување на овие законски измени.

На последната средба, на која присуствуваа претставниици од „Студентски пленум“, УКИМ, ректоратот и од „Професорски пленум“, како и претставници од Владата и од МОН, премиерот најави измени и дополнувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...