fbpx

Собранието ја усвои забраната за увоз за отпад за гориво

-

Со 62 гласа од присутните пратеници доцна попладнево Собранието ги усвои измените на Законот за управување со отпад со кои се забранува увоз на секаков вид на отпад како гориво. Измените на законот ги предложија пратеничките од ДОМ, а тие беа поддржани и од мнозинството граѓански здруженија за борба против загадувањето, кои исто така бараа од Владата и од Собранието да го спречат увозот на отпад во странство во нашата земја.

Темата на увоз на отпад ги поткрена тензиите во јавноста во изминатите неколку месеци, но притисокот се зголеми откако беа обелоденети снимки на камиони полни со разновиден отпад наменети за горење во печките на скопската цементарница „Усје“, по што пратеничките Маја Морачанин и Лилјана Поповска поднесоа предлог –амандмани со кои ќе се донесе забрана да се увезува отпад наменет за користење како таканаречено РДФ гориво.

Сепак, со донесувањето на измените се тактизираше од страна на пратеничките групи на владеачката колиција во Собранието, со образложение дека прво треба да се види дали забраната не се коси со обврските на државата од областа на трговијата, прифатени со меѓународни конвенции чии потписници сме како држава.

Забрана за увоз на отпад беше и главното барање на денешната протестна блокада на скопската цементарница „Титан-Усје„ во организацијата „Движењето за чист воздух“, како и на протестот пред Собранието што минатиот петок го организираше „Петоци за иднината“ (Fridays for future).

„Ова беше и едно од нашите барања за кое континуирано вршевме притисок и лобиравме“, се вели во писмената реакција на О2 Иницијтивата по повод забраната за увоз на отпад.

Донесувањето на измените го поздравија и од „Петоци за иднината“ на својот Фејсбук профил.

„Ова е само почеток, борбата за нормализација на состојбата со животната средина во Македонија не е ни одблиску завршена и мора да продолжи“, велат од „Петоци за иднината“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...