Собрани 200 килограми отпад од поранешниот сообраќаен полигон под Кале

Фото: BIOTHERM Water Lovers

Во еколошка акција организирана од „BIOTHERM Water Lovers“ на поранешниот сообраќаен полигон под Кале во Скопје, 20-тина учесници собрале 200 килограми отпад.

Акцијата на програмата BBiotherm Вљубеници во Водата (Biotherm Water Lovers) е посветена на филозофијата „Сина убавина“ чија цел е да ја подобри иднината на океаните, морињата и сите водни екосистеми, почнувајќи уште од 2012 година.

Во акцијата учествуваа и вработени во парфимериите Еликсир Екслузив и од Пакомак, како и Ана, позната по својот инстаграм профил @my.kingdom.of.love.

Собраниот отпад беше одложен во депонијата „Дрисла“.