Пет лица загинаа откако сириските бунтовници урнаа руски воен хеликоптер „ми-8“, потврди Кремљ.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои бунтовниците влечат голо тело на еден од членовите на екипажот, како и фотографии на кои се прикажуваат документите за идентификација на руските војници.

Руски извори велат дека хеликоптерот го собориле бунтовничките сили по достава на хуманитарна помош во Алепо, додека се враќал во воената база.

Русија им дава значителна воена помош на силите на Башар ал Асад во борбата против бунтовничките сили.