fbpx

Со видео со хомосексуалци Русите се заплашуваат да гласат за уставните измени по мерка на власта

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот.

Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на ЕУ euvsdisinfo.eu раскринка нова кампања од поддржувачи на Кремљ со хомофобија и заплашување на руските државјани дека хомосексуалците ќе го преземат светот и ќе им ги превоспитуваат децата.

Станува збор за старо видео, кое е пласирано во Русија во 2018 година, со кое се повикуваше на учество на претседателските избори, со „објаснување“ дека ако граѓаните не излезат да гласаат, во Русија ќе се воведе „присилна хомосексуалност“, пишува euvsdisinfo.eu.

Сега тоа видео доживеало свој римејк, пред референдумот за уставните измени, којшто е закажан за 1 јули, и со него се повикува Русите да ги поддржат уставните измени.

Видеото што е споделувано исклучително многу пати на социјалните мрежи, ја прикажува Русија во 2035 година, и еден маж кој доаѓа во дом за деца без родители за да посвои момче. Малку подоцна мажот го запознава момчето со неговата „мајка“ – друг маж, кој е нашминкан, а потоа го добива и првиот подарок од своите посвоители – фустан, при што нараторот прашува „Дали е ова онаа Русија што ќе ја изберете? Одлучете за иднината на својата земја. Гласајте за уставните измени“.

Како што пишува euvsdisinfo.eu, видеото го носи логото на РИА ФАН (Федерална новинска агенција) а е продуцирано од медиумската групација „Патриот“. Обете се поврзани со рускиот бизнисмен Евгени Пригожин, кој е обвинет во САД за учество во заговор за „создавање несогласици во политичкиот систем на САД“, при што се мисли и на кампањите за претседателскиот избори во 2016 година. Се верува и дека Пригожин стои зад „фармата на тролови“ во Санкт Петербург.

РИА ФАН како приврзаник на Кремљ е често предмет на оценување од euvsdisinfo.eu, и често пласирала лажни вести и дезинформации за различни нешта, како уривањето на малезискиот патнички авион над Украина, труењето на Скрипаљови во Солзбери, Англија, за пандемијата на ковид-19 и други нешта.

Уставните измени во Русија, за кои се спроведува референдумот, покрај тоа што го дефинираат бракот како заедница на маж и жена, може и да му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година. Притоа, РИА ФАН продолжува со дезинформациските наративи обидувајќи се да ги убеди руските гласачи во една од најприсутните „приказни“ од поддржувачите на официјална Москва – за „геј-заканата“ за традиционалните вредности.

Пртходно, „Јутјуб“ го има отстрането видеото, образложувајќи го потегот со правилата на оваа мрежа против говорот на омраза. Исто така „Стимул“, група на ЛГБТИ активисти побарале истрага за видеото и рускиот телекомуникациски регулатор да го блокира. Иронично е и тоа што еден од актерите што глуми во видеото зборувал за руските медиуми, посочувајќи дека ќе гласа против предложените амандмани на уставот. Тој исто така се извинил на своите следбеници на Инстаграм велејќи дека не сакал никого да навреди, пишува euvsdisinfo.eu.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...