fbpx

Со употреба на нови технологии Охрид се бори против аерозагдувањето

-

Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид која како пилот-општина согласно проектните активности „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“, заврши со поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на домаќинства во населбата Кошишта кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

Проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“ ќе ги искористи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови, следење на квалитетот на воздухот, „облак“ базиран на „Отворени податоци“, систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи.

Проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис-заедницата.

Од страна на Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање беше обезбедена логистичка поддршка за реализација на техничкиот дел од проектот, а Општина Охрид беше  вклучена во изборот на домаќинства кај кои се инсталирани филтрите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...