fbpx

Со стара фотографија медиуми дезинформираа дека камион пропаднал на плоштадот Македонија

Дел од медиумите, откако увидоа дека направиле превид, односно не ја провериле информацијата туку ја зеле како веродостојна верувајќи му на постот на социјалните мрежи – објавите ги отстранија од медиумите. Сепак, дотогаш веќе беше проширена дезинформацијата, па во медиумскиот простор едновремено можеа да се пронајдат постови во кои се тврди дека дента на плоштадот пропаднало возило, како и други во кои се тврдеше дека медиумите објавиле дезинформација.

-

Старата фотографија – од ноември 2022 година, од пропаднат камион на градскиот плоштад во Скопје  најнапред беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ и оттаму без проверка беше преземена од повеќе медиуми, по што се рашири на социјалните мрежи. Град Скопје ја демантираше лажната вест: „Овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак, пропаднал во фонтаната“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На 22 март 2023 година (среда), на повеќе веб-страници од медиуми како и на нивните страници на Фејсбук (тука, тука, тука, тука – некои во меѓувреме ги избришаа веста и постовите), беше објавена фотографија, придружена со вест во која се тврдеше дека дента повторно на градскиот плоштад во Скопје пропаднал камион. Меѓутоа, фотографијата е стара од пред 4 месеци, а тој ден (22.03.2023) на градскиот плоштад немаше пропаднат камион. Исто така, делот околу фонтаната каде се тврдеше дека се случил инцидентот, беше заграден за да се предупреди возила да не се движат во тој простор.

Насловите во медиумите беа:

  • Пак пропадна камион во фонтаната на плоштад Македонија
  • Утрово уште еден камион пропадна на плоштад Македонија,
  • Плоштадот Македонија повторно настрада од камион, се отвори нова дупка во фонтаната по обидот да ја премине
  • Уште еден камион пропадна на плоштадот Македонија – стана редовна пракса

Во сите невистинити написи беше споделена една иста фотографија, која всушност потекнува од 23 ноември 2022 година, кога навистина камион пропадна во подната фонтана на градскиот плоштад. Министерството за внатрешни работи тогаш (23.11.2022) за настанот со комбето од фотографијата  извести:

Денеска 23.11.2022 година во 6.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на плоштад Македонија, товарно возило фиат, со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т.(31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Старата фотографија од ноември 2022, најнапред беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ и оттаму беше преземена без проверка од повеќе медиуми, по што се рашири на социјалните мрежи.

Дел од истите, откако увидоа дека направиле превид, односно не ја провериле информацијата туку ја зеле како веродостојна верувајќи му на постот на социјалните мрежи – објавите ги отстранија од медиумите. Сепак, дотогаш веќе беше проширена дезинформацијата, па во медиумскиот простор едновремено можеа да се пронајдат постови во кои се тврди дека дента на плоштадот пропаднало возило, како и други во кои се тврдеше дека медиумите објавиле дезинформација. Град Скопје ја демантираше лажната вест:

Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни. Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната, велат од Град Скопје.

Во нивниот демант уште се додава:

Секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.

Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата (фото во прилог од денешна ситуација).

Од фотографијата се гледа дека просторот каде во минатото пропаѓаа возила на градскиот плоштад, сега е обележан со црвено-бела сигнализација и таму  дента немало инцидент.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека на 22 март 2023 година камион не пропадна во фонтана на плоштадот Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...