fbpx

Со сериозен наслов не се пренесува шега

-

Колку и спектакуларно да звучи и често да се појавува, насловот дека Зоран Заев ја дал ќерката за да се потпише Преспанскиот договор или, пак, во замена за грчки остров, не е точен пишува „КриТинк“.

Всушност, се работи за исечок од опуштено новогодишно интервју во домот на Заеви подготвено како разговор на новинарот Мишко Иванов од „ТВ24“ со Заев и неговата сопруга.

Одреден твитер-корисник го споделува овој исечок каде екс-пермиерот, кој е познат по своите обиди да внесе шега во неговите обраќања, споделува една анегдота од разговорите помеѓу него и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас пред потпишувањето на Преспанскиот договор.

Имено, се работи за комплимент кој Ципрас го дал за неговата ќерка, исто обидувајќи се да биде шеговит, на што Заев се надоврзал со предлог за преговори за склучување на брак помеѓу неговата ќерка и еден од синовите на Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...