Предлог-ребалансот на буџетот кој го најави премиерот Емил Димитриев е доставен до Собранието. Во него Владата бара дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја.
Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) и од 344,4 милиони евра се зголемува на 375,9 милиони евра.
Предлог-ребалансот на буџетот вчера го најави премиерот Емил Димитриев со цел целосно да се обесштетат граѓаните од поплавените подрачја, а дел од парите ќе се обезбедат од кредити.
Од опозицијата реагираа на оваа изјава на Димитриев и бараат парите за изградба на панорамско тркало и „Рајска градина“ да се пренасочат за помош на поплавените.