Со помош на вештачка интелигенција креирани 245 портрети на Блаже Конески

Автор: Небојша Гелевски - Бане

Графичкиот уметник Небојша Гелевски – Бане, по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески, користејќи вештачка интелигенција, креирал повеќе од 245 портрети на доајенот.

Користејќи 24 фотографии од Блаже Конески, уметникот создал модел за Конески, а потоа „го препуштил“ на вештачката интелигенција (ВИ), која креирала портрети според зададените насоки или стилови.

По создавањето на моделот, тој задавал насоки на софтверот со ВИ преку имиња и фрази, а софтверот потоа самиот правел преработки и комбинации.

Од вкупно 245 генерирани дела, Гелевски за слободно користење – и за лични и за комерцијални цели, отстапува 20-тина.

Оригиналниот текст и сите достапни компјутерски генерирани портрети може да се видат на Окно.