fbpx

Со победата на парламентарните избори во Франција, засилен подемот на Макрон

-

Политичкиот подем на младиот француски претседател Емануел Макрон дополнително се засилува по победата на неговата центристичка коалиција на парламентарните избори во Франција, чиј втор круг се одржа вчера.

Со 350 пратенички места од вкупно 577, коалицијата формирана од партијата на Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ), инаку формирана пред отприлика една година, и Демократското движење (Модем) освоија 60,7 отсто пратеници во парламентот.

Во вчерашниот втор круг, 49,1 отсто од гласовите беа дадени за оваа коалиција, чиј триумф зададе горчлив вкус за Социјалистичката партија, која сега има само 29 пратенички места. На изборите во 2012 г., набргу откако нејзиниот кандидат Франсоа Оланд победи на претседателските избори, Социјалистичката партија освои десетпати повеќе – 280 места. Падот, според аналитичарите, се должи на низата непопуларни мерки на Оланд во текот на мандатот, како и поради некои проблеми што го следеа него како личност.

Националниот фронт на ултранационалистката Марин ле Пен, освои само осум пратеници, од кои една е таа, со што оваа партија е деветтата по големина во Националното собрание на Франција.

Коалицијата на Макрон освои пратеници во речиси сите изборни единици во Франција, но најубедлива е победата во Западна Франција, каде припаѓаат градовите Париз, Нант и Тулуз. Покрај тоа, Макрон добро помина и кај гласачите кои живеат во странство, освојувајќи девет од вкупно 11 пратенички места резервирани за дијаспората.

Со излезност од 42 отсто, вчерашниот втор круг на парламентарните избори во Франција постигна негативен рекорд, што можеби е и одраз на заморот на гласачите по седуммесечната изборна кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...