fbpx

Со платформата „Отворени финансии“ граѓаните ќе имаат увид во трошење на нивните пари во буџетот

-

Во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии.

„Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во која може да се најдат финансиските трансакции од буџетските средства на државните институции од 2010 година па наваму, и истите ќе се обновуваат и прикажуваат на секои 15 дена. Пред очите на јавноста ставаме финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции. Од денеска па натаму секогаш кога некое министерство, агенција или државна уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид. Отворањето на трезорот и сите податоци во него, е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции како и штедењето на парите на граѓаните“, рече Заев.

Премиерот додаде дека преку оваа платформа може да се следи дали институциите префрлаат пари на едни исти економски оператори и физички лица.На тој начин ќе биде коректив на работење на институциите и барикада за корупција и незаконитост.

„Во првата фаза е предвидено да се објавуваат трансакциите на буџетските институции на централниот буџет министерствата, агенциите, управите, социјалните фондови. Во втората фаза се надевам ќе се објавуваат и трансакциите на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции, кои треба да дадат согласност преку Советот на секоја општина“, додаде Заев.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, платформата ќе поттикнува поправедено и поодговорно трошење на буџетските средства, поради стравот од фаќање на нелегална активност.

„Следењето на трошењето им ги врзува рацете за исплата на министер или директор на државните пари во која било форма. Платформата е реформа на јавните финансии во чија што основа е транспарентноста. Зад платформата стои употреба на нови дигитални технологии“, рече Ангеловска и во иднина најави проект за транспарентност на јавниот долг.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски рече дека порталот Отворени финансии е логичен чекор и еден од низата што ги презема Владата кога ја иницираше амбициозната програма за политички и демократски реформи.

„Остануваме да се раководиме од ставот дека отворените податоци може да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Во таа насока оваа Влада има сериозни остварувања и резултати. Според истражувањето на Actionsee за транспарентност, отвореност и отчетност на извршните власти во регионот на Западен Балкан за 2018 година, Владата заедно со Црна Гора е лидер во регионот според индексот на отвореност кој изнесува 78 проценти во однос на исполнувањето на индикаторите. Трендот е растечки во последните две години и донесе пресврт во рангирањето на нашатa земја, ако се знае дека 2016 година бевме на последното место.Тогаш имаше исполнетост на само 52 проценти од индикаторите. Она што заслужува посебно позитивно внимание во ова истражување е првото место на нашата земја во подкатегоријата објавување на граѓански буџет. Со ова што денеска го правиме ќе бидеме уште повисоко рангирани. Во оваа категорија Владата исполнува дури 87 проценти од индикаторите, на пример земјите рангирани на второ и трето место исполнуваат 40 и 24 проценти што претставува сериозна разлика во полза на Македонија,“ рече Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...