fbpx

Со пари од САД направено реновирање и комплетна гасификација на ЗД „Пробиштип“

-

Со донација од САД комплетно се реновирани просториите и влезот во Итна медицинска помош во Здравствен дом „Пробиштип“, а објектот е целосно гасифициран и променета е кровната конструкција. Објектот го посетија министерот за здравство Венко Филипче, генерал-мајорот на на војската на САД, Грегори Најт, и вршителот на должност амбасадор на САД, Ерик Мајер.

Филипче се заблагодари за „импресивната соработка, помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки патнер САД во реализација на големи и за нас многу битни проекти во изминатите повеќе од 20 години во здравствениот сектор продолжува со заеднички прогресивни идеи и исти вредности“.

„Сакам да се заблагодарам за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство. Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема“, кажа министерот Филипче.

Тој му посака добредојде на в.д. амбасадорот на САД и им се заблагодари на сите претставници на тимот кои работеа на овој проект.

„Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и после Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата „8 Септември“, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на кровот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел. Нашата соработка продолжува, имаме тековни проекти, се реконструира Клиниката за максилофацијална хирургија и треба да започне реконструкцијата на Клиниката за хематологија. Искрено верувам дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму, ги делиме истите прогресивни идеи, истите вредности, како во делот на соработката во здравството така и на секое друго ниво“, истакна министерот Филипче.

Генерал-мајорот Најт порача дека САД со нетрпение ги очекува и следните 20 години соработка меѓу двете земји.

„Она што го гледаме денес овде во Здравствениот дом во Пробиштип е резултат на повеќедецениска соработка, што резултира со успех во корист на граѓаните на Пробиштип. Ви благодарам на сите присутни и за тоа што имав можност да го воочам навистина импресивниот одговор на Северна Македонија во ковид пандемијата, како и за реализираните донации кои доаѓаат од Владата на САД. Нашата амбасада овде ја покажува широкоградата соработка и посветеноста која ја имаме за граѓаните на Северна Македонија. Со нетрпение ги очекувам и наредните 20 години партнерство со оваа земја“, изјави генерал-мајор Грегори Најт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...