fbpx

Со пари од буџетот на одмор ќе заминат семејства со ниски примања, одлучи Владата

-

Семејствата кои немаат приход повисок од 30.000 денари ќе можат да заминат на одмор преку Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, која Владата ја надополни со 22,9 милиони денари, со одлука на последната седница. Вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15 милиони, ќе изнесува 37,9 милиони денари.

Со предвидената мерка, информираат од Владата, ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

На 93-та седница на Владата, донесени се одлуки за трите јавни повици, дел од мерките од шестиот економски пакет, објавени од Генералниот секретаријат, а со кои се одобрува исплата на еднократна финансиска помош за лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и за ноќни клубови, кои поднесоа барања за финансиска поддршка и притоа бележеа загуби како последица на пандемијата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.

Вкупно ќе бидат помогнати 382 правни субјекти од овие категории, а висината на поддршката изнесува речиси 111 милиони денари или 1,8 милиони евра кои во наредните денови ќе им бидат исплатени на компаниите.

Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50,8 милиони денари на 258 лиценцирани туристички агенции, од кои 163 туристички агенции со лиценца А и 95 туристички агенции со лиценца Б. Износот на средства кој е доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата и изнесува од 60.000 до 300.000 денари за правен субјект. Владата донесе Одлука за финансиска поддршка и на за лиценцирани кабареа, ноќни барови, диско клубови и диско клубови на отворен простор, со која се одобруваат средства во вкупен износ од 8,3 милиони денари на 17 ноќни клубови. Од програмите за поддршка за справување со последиците од Ковид-19, Владата ја донесе и одлуката за финансиска поддршка на рестораните за свадби, за кои за вкупно 107 правни субјекти се одобруваат средства во вкупен износ од 51,6 милиони денари.

Владата, на последната седница одлучи и 100 милиони денари неискористени пари од Посебниот фонд за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица на Агенцијата за вработување да се користат за мерката субвенционирање на плати заради значителниот интерес од страна на невработените лица и работодавачите. Со тоа ќе се обезбеди субвенционирање на плата за дополнителни 438 невработени лица, со што бројот на лицата опфатени со оваа мерка ќе изнесува 1.304 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...