Со транспаренти на кои е напишано „Ништо не ти можат Никола“, „Македонија победува“, „Кршете – пак ќе изградиме“, неколку илјади приврзаници на Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) пристигнаа пред Собранието на Република Македонија.
Патриотски песни, зурли и тапани е обележјето на почетокот на протестот, против, како што велат демонстрантите, политиката на Зоран Заев, кој, според нив, сака да реализира украинско сценарио во Македонија.
Пристигаат приврзаниците на #ГДОМ извикувајки ВМРО-ДПМНЕ pic.twitter.com/5VPVHxv0jC
— META.mk (@meta_agency) April 21, 2016
Насобраните граѓани бараат изборите да се одржат на 5 јуни и со нив да се излезе од наметнатата политичка криза.
На протестот, покрај истакнатите членови на ГДОМ, аналитичарот Александар Пандов, актерите Тони Михајловски, Петар Темелков, режисерот Бранислав Димитров, кајакарите Атанас Николовски и Лазе Попоски, историчарката Виолета Ачковска, има и видни членови на владејачката партија. Засега, извикувајќи „Македонија“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, тие играат ора.
Се чека пристигањето на останатите приврзаници на #ГДОМ од другите градови pic.twitter.com/ocA3WmuKLn
— META.mk (@meta_agency) April 21, 2016
Се очекува членовите на ГДОМ да се обратат пред народот.