fbpx

Со онлајн обуки за наставниците почнаа подготовките за пробно тестирање за ПИСА

-

Министерството за образование и наука соопшти дека со онлајн обуки на наставниците и директорите од средните училишта на ниво на целата држава, започнаa подготовките за престојното пробно тестирање за ПИСА предвидено за 2021 година.

Инаку ПИСА (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште во ситуации од животот на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години воглавно во три подрачја: оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали, математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање, и писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

Програмата за меѓународни тестирања на учениците – ПИСА која е организирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој, освен што дава увид во образовните политики и практики, исто така помага во следењето на трендовите во стекнување на знаења и вештини кај учениците на иста возраст во различни земји и различни демографски подгрупи во секоја држава. Оваа проценка не потврдува само дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку испитува и колку добро можат да го искористат наученото во непознати ситуации, во училиште и надвор од него.

Инаку, актуелната власт во предизборната кампања најави дека нивна цел е просечните постигања на македонските ученици во ПИСА 2021 да се зголемат за минимум 10 поени во однос на тестирањето од 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...