fbpx

Со новиот јапонски рентген апарат, направени се 8.000 снимки во болницата во Гостивар

-

Во текот на една година, со новиот дигитален рендген апарат кој е донација од јапонската влада, во гостиварската општа болница се напрени речеси 8.000 рентген снимки, беше речено вчера на свеченоста по повод донацијата од Јапонија за болницата во Гостивар. На церемонијата за комплетирање на GGP-проектот која се одржа денеска, присуствуваше амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори.

„Со рентген апаратот значително се намали времето на чекање на пациентите кои имаат потреба од прегледи”, рече директорот на болницата д-р Јакуп Јакупи.

Апаратот вреди 60.636 евра. Амбасадорот Савада кажа дека Јапонија помогнала да се пружи итна медицинска помош и рендген на белите дробови на пациентите со ковид-19, бидејќи болницата беше и регионален центар за ковид за над 150.000 пациенти.

Во текот на посетата на Гостивар, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот д-р Арбен Таравари и со директорот Јакупи.

Преку проктот GGP, досега Јапонија финансирала над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови, Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...