Почнувајќи од 1992 година па сè до почетокот на применувањето на новиот „Инструмент за Претпристапна помош“, кој во 2007 година постана познат како ИПA, Северна Македонија постојано добивала помош и продолжува да прима преку стотици проекти од Европската Унија. Финансиската помош на ЕУ, во рамки на ИПА програмата, има за цел да ѝ помогне на земјата да ги заврши планираните и неопходни реформи за постигнување на членство во ЕУ, пишува „Порталб.мк“.
Меѓутоа, Европската Унија усвои нова методологија, во која е предвидено дека нема да има помош од нивна страна без исполнување на реформите, како на економски план, така и во делот на судството, слободата на говор, социјалната благосостојба, подобрите меѓуетнички и соседски односи и слично. Северна Македонија, која се залага да стане нова членка на ЕУ, покрај тоа што ќе мора да ги следи препораките од Брисел, треба да чека и на финалната верзија за оценување на исполнетите критериуми.
– На 1 јули, Европската Комисија ја претстави нацрт рамката за преговори за Северна Македонија пред Советот. Нацрт рамката за преговори се заснова на искуството од претходните проширувања и преговори во продолжение на приемот. Тие исто така ја интегрираат ревидираната методологија за проширување, предложена од Комисијата во февруари и донесена од страна на земјите-членки во март. Сега им преостанува на земјите-членки на ЕУ да дискутираат за документот и да го усвојат пред првата меѓувладина конференција, која ќе го одбележи официјалниот почеток на преговорите за прием. Ќе треба да чекаме и да ја видиме последната верзија на документот за да се проценат неговите можни импликации за земјата – рекоа за „Порталб.мк“ од седиштето на Европската Унија во Скопје.
За тоа што би значело прекин на помошта од ЕУ, од Владата за „Порталб.мк“ велат дека земјата ќе треба да ги следи критериумите и примерите на земјите-членки на ЕУ, како начин земјата да се придвижи напред како во сите нејзини области така и во насока на приклучување во евро-атлантските структури.
– Ова значи дека ќе треба постојано да работиме за одржливо унапредување на реформите и добрососедските односи. Тој потврдува дека одговорноста за напредокот во европскиот напредок воглавно стои кај нас и динамиката ќе зависи од нашата сила за реформи и ефикасност во нивното спроведување – изјави за „Порталб.мк“ Бојан Маричиќ, Национален Координатор за Интегрирање во ЕУ и главен технички преговарач од Владата на РСМ.
Од Институтот за Европска Политика во Скопје, велат дека само оваа година Северна Македонија добила педесет милиони од Европската Унија, нешто што и помага на земјата да оди напред. Во спротивно, кратењето на помошта, ќе ја потоне земјата.
– Преговарачката рамка појасно одредува што претставува практика во процесот на интеграција. Доколку нема реформа – помошта се скратува, доколку има – се добива награда, како што се 50 милиони евра на почетокот на годината. Ова значи дека нашата земја треба да обезбеди континуитет и резултат во реформите во текот на преговорите, особено во владеењето на правдата, како и зголемената способност за искористување на европските фондови – рече за „Порталб.мк“ Малинка Ристевска Јорданова, член на управниот одбор од Институтот за Европска Политика (ИЕП) – Скопје.
Инаку, земјава е кандидат за членство во Европската Унија и чека да ги започне преговорите за пристапување. Идната фаза во процесот на зачленувањето е добивање датум за преговори за членство во ЕУ.
Процесот на преговори за членство во Европската Унија за нашата земја ќе значи и завршување на процесот на приближување кон Европската Унија, добивање на придобивките и нејзините вредности, како и целосно оспособување на институциите за начинот на функционирање на институциите на Европската Унија. Преговорите во исто време ќе значат и создавање бази за подготовки за идно успешно функционирање на Република Северна Македонија како земја-членка на Европската Унија.