fbpx

Со нов правилник за гранични емисии, инспекторите полесно ќе ги казнуваат загадувачите

-

Министерството за животна средина и просторно планирање ги усвои измените на правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови со кои се одредуваат ограничувањата на емитувањето загадувачки супстанци во воздухот од оџаците на стопанските објекти во државата. Тие деновиве стапија на сила откако беа објавени во Службен весник.

Според овој правилник, сега сите сопственици на печки со оџаци кај кои инспекцијата ќе измери емисии на јаглерод моноксид и на азотни моноксиди над пропишаните гранични вредности, ќе бидат казнети за загадување на воздухот.

Правилникот за граничните вредности во отпадните гасови, кој беше од постар датум досега имаше контрадикторни одредби кои во голема мерка го блокираа ефикасното постапување на инспекторите за животна средина, посебно кон помалите загадувачи на воздухот со печки до 1 мегават, чии емисии досега се утврдуваа врз основ на масениот чаден број, што е застарен метод за утврдување на емисии во воздухот. Ова ја отежнуваше работата на инспекторите за животна средина, бидејќи не можеа да го докажат степенот на загадување кај помалите загадувачи, најчесто мали индустриски погони или работилници, кои ги има во голем број во Скопје и во другите градови низ државата.

– Иницијативата за измена на правилникот ја поднесовме до Министерството уште минатиот декември бидејќи бевме соочени со практични проблеми при работата на терен – вели Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

Со измената на инспекторите за животна средина и во Скопје и на ниво на целата држава практично им се одврзуваат рацете да постапуваат во овие случаи и тие ќе имаат можност непречено да ја вршат својата работа, а инсталациите доколку не ги почитуваат овие гранични вредности ќе бидат санкционирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...