„Фактите се важни за зачувување на демократијата“ – 2 април, Меѓународниот ден на проверка на факти ќе се одбележи со два настана во Скопје, Македонија и Тирана, Албанија.
Балканската мрежа за борба против дезинформации (АДН – Балкан) ги најави двата регионални настана кои ќе обединат водечки експерти, новинари и гласови на граѓанското општество од цела Европа и Западен Балкан.
Во Скопје на 2 април ќе се одржи конференцијата „Заеднички за вистина: Сеопфатен пристап на целото општество кон заштита на демократијата“, во организација на Фондацијата Метаморфозис.
Целодневната меѓународна конференција ќе се фокусира на заканите од дезинформации, странска манипулација и мешање во информации (ФИМИ), изборен интегритет, проверка на факти и меѓусекторска соработка.
Настанот ќе го отворат заменик-амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Бен Нупнау, заменичката-амбасадорка на Кралството Холандија, Манон Џенсен, координаторот на Европската мрежа за стандарди за проверка на факти Стефан Мундгес и извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари.
Обраќање ќе има и од Борис Руге, помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика.
На првата панел дискусија ќе биде направен геополитички преглед на информациски закани на глобално и регионално ниво. Втората дискусија е посветена на темата интегритот на изборите наспроти информаицските закани, при што говорниците ќе споделат искуства и препораки од Западен Балкан и ЕУ. Третиот панел насловен ќе ги анализира состојбите со проверка на факти и модерација на содржини на социјалните медиуми, додека четвртиот панел ќе биде посветен на методите за нарушување на текот на дезинформациите преку механизми на општествена корпорациска одговорност, презентирајќи искуства за вклучување на деловниот сектор во за интегритетот на информациите.
Говорници ќе бидат истакнати претставници на евроатланските институции, новинари и експерти од регионот и од ЕУ кои се занимаваат со информациски ризици, вклучувајќи учесници од Холандија, Финска, Белгија, Летонија, Украина Албанија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Словачка, Романија, Турција, Грција и Кипар.
Во Тирана, пак, ќе се одржи вечерен форум „Демократијата е важна – важни се фактите“ организиран од страна на центарот Фактоје. Форумот ќе го истакне пејзажот на проверка на факти во Албанија, регионалната соработка и ќе ја одликува новинарската извонредност со наградата Фатос Баџаку.