fbpx

Со намалената фреквенција на возила на патиштата ќе опадне и приходот од патарините

-

Епидемијата на корона вирусот во нашата земја и сите ограничувања на движењата на граѓаните што досега се воведоа, доведуваат до намалена фреквенција на возила на патиштата, а со тоа веројатно е да има и опаѓање на приходите од наплата на патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека е рано да се прават проценки за тоа колку би се намалиле приходите од надоместокот за користење на автопатите во екот на корона вирусот.

– Наплатната служба при ЈПДП и покрај новонастанатата состојба со Ковид-19 функционира нормално и без застој и промена на работниот ритам. Вработените на наплатните пунктови се заштитени на работното место, односно од страна на ЈПДП се изврши набавка на доволна количина на маски, ракавици и антибактериски средства – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Во Годишната програма за работа на ова јавно претпријатие за 2020 година се предвидуваше од патарини да се остварат приходи од околу 48,7 милиони евра како своевиден рекорд во собирањето на овој надоместок низ годините наназад. Сепак, времетраењето на корона кризата и непостоењето на точна прогноза до кога ќе траат ограничувањата на движењата на граѓаните ги доведуваат под знак прашање проценките за приходите направени пред почетокот на епидемијата.

– Сакаме да потенцираме дека нашите цели се уште остануваат високи, но со оглед на актуелната состојба со корона вирусот и од оваа временска дистанца во која се уште е непредвидлив крајот на оваа состојба, ние не сме во можност да се произнесеме каков ќе биде остварениот приход и дали соодветно на тоа ќе бидат остварени и поставените цели во делот на наплатата за 2020 година – велат од ЈП за државни патишта.

И покрај очекувањата дека ќе дојде до намалување на приходите од патарини за изминатиот месец и за претстојниот втор квартал, кај патната инфраструктура сепак нема да има промени во однос на реализацијата на инфраструктурните проекти. Од почетокот на годината до сега се објавени набавки за изградба, рехабилитации и реконструкции на патишта, мостови и свлечишта во висина од 45,74 милиони евра. И во наредниот период ќе следуваат тендери за изградба на проекти со заеми од Европската банка за обнова и развој или од сопствениот буџет на ЈП за државни патишта.

Во делот на изведбата на проектите што веќе се започнати, од претпријатието нагласуваат дека работните активности на терен се одвиваат во согласност со динамичките планови за работа. Инфраструктурните проекти не се запрени и се одвиваат во услови на прогласената состојба во земјава, но никој не може да дава прогнози како ќе се одвива ситуацијата во следниот период, потенцираат од ЈП за државни патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...