Со месеци тече питка вода од шахта на улица Атинска во Карпош

Со месеци тече питка вода од шахта на улица Атинска, од Водовод велат не се надлежни бидејќи дефектот е по главниот водомер, а од општина Карпош не одговараат на нашите прашања

-

Веќе со месеци, уште од летниот период изминатата година, во скопската населба Карпош 1 на улицата „Атинска“ поради дефект тече големо количество питка вода и се влева во канализација. Улиците и тротоарите секојдневно се поплавени, можноста за движење по улицата секој ден е потешка и оневозможена за пешаци.

Мета.мк за проблемот се обрати во ЈП Водовод и канализација Скопје, и преку електронска пошта добивме одговори на неколку прашања поврзани со дефектот. Оттаму обврската за санирање на проблемот ја префрлаат на станарите во блиската зграда, бидејќи како што велат, дефектот е по главниот водомер на шахтата, и не е во нивна надлежност.

„За отстранување на дефектот, на странките им е посочено неколку пати, дека надлежноста за промена на вториот вентил е нивна. За овој случај пријавено е и во комунална инспекција на Општина Карпош“, известија од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Бидејќи од јавното претпријатие нè препратија во Општина Карпош, испративме прашања и до нив. Но, за жал од таму не добивме никаков одговор.

Екипата од Мета.мк на терен разговараше со дел од жителите на улица „Атинска“ кои ги прашавме дали се запознаени со дефектот и дали ќе преземат активности да го санираат. Но, сите со коишто разговаравме велат дека не знаат ништо за тоа, не виделе екипи на терен, ниту пак биле известени дека тие треба да се погрижат да се санира дефектот.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...