fbpx

Со лажен документ пријавил земјиште во катастар

-

МВЕ до Обвинителството поднесе кривична пријава против лицето В.Л. (55) од Скопје поради постоење основан сомнеж дека фалсификувал исправа. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист од продажба на недвижен имот, набавил лажна службена исправа – пресуда од Основен суд Скопје 2,  донесена на 22 септември 2014 година, а правосилна на 25 септември 2014 година. Потоаја употребил во Агенција за катастар на недвижности, приложувајќи ја кон пријава за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности. Врз основа на таа лажна пресуда, службени лица во Агенција за катастар на недвижности извршиле запишување на промена во катастарот на недвижности во Нерези, кое се состои од недвижен имот – земјиште на две катастарски парцели едната со површина од 2.509 квадратни метри и втората со површина од 2.208 квадратни метри, од сопственост на РМ во приватна сопственост на пријавениот В.Л.

По ова пријавениот, со намера да го прикрие вистинскиот носител на сопственоста, на 15 јануари 2015 година преку адвокат-полномошник склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот (гореспоменатото земјиште) за износ од 50.000 евра или во денарска противредност од 3.075.000.00 денари, каде како продавач е пријавениот, а како купувач е лицето О.Д., кој, пак, во согласност со преддоговорот на 15 јануари 2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар, односно аванс -паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште двапати, на 11 март и на 21 април годинава, на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...