fbpx

Со какви барања стартуваат лидерите на денешната средба?

-

Лидерска средба за денеска е најавена во Клубот на пратеници. На средбата ќе учествуваат лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Лидерите ќе седнат на маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија.

Со какви барања политичките партии седнуваат на маса?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, испорача пет барања до наредните фер и демократски избори:

  • Формирање техничка влада;
  • Одвојување на партијата од државата;
  • Регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на другите медиуми;
  • Прецизирање во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список;
  • Спроведување попис.

Премиерот Никола Груевски, пак, рече дека преодна влада е можна само без ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите барања се:

  • Правна постапка во согласност со законите во Македонија;
  • Правна постапка за секој за кој има сомневања и докази дека го прекршил законот;
  • Политичка разврска.

ДУИ се залага за мирно решавање на кризата со посредство на меѓународниот фактор.

Ставот, пак, на ДПА засега е непознат затоа што партијата е длабоко поделена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...