Доктор Ентони Фаучи е човекот кој во последните неколку недели може да се забележи до претседателот на САД на секоја пред конференција. Тој е директор на Националниот Институт за Алергии и Заразни Болести на САД и ја извршува оваа позиција од 1984тата година, од времето на Роналд Реган.

Во време на пандемија, тој важи за еден од докторите во светот од кои можеме да добиеме точни и навремени информации за Кoвид-19. Имајќи го ова на ум, тимот на Јутјуб контактирале со тимот на Фаучи и обезбедил 4 Јутјуб интервјуа со познати Јутјуб креатори, за информациите за вирусот да стигнат до поголема бројка на луѓе.

Избраните креатори се: Phil DeFranco (6,4 милиони претплатници), Lilly Singh (14,9 милиони) and Trevor Noah (6,9 милиони) и Doctor Mike (5,4 милиони).

 

Освен со овие јутјубери д-р Фаучи одвоил време и да се појави на Live stream заедно со кошаркарот Стеф Кари и Марк Закерберг.