Со Гугл мапс и велосипедистите можат да ги пронајдат насоките за движење низ градовите

Гугл воведе можност во Гугл мапс корисниците да пронаоѓаат најсоодветни насоки за движење по велосипедски патеки откако барањата за нив скокнале за 69 отсто за време на пандемијата со корона вирусот. Освен стотици илјади нови велосипедски патеки што се внесени во Гугл мапс, означени се и улици што се соодветни за велосипеди, како и информации за изнајмување велосипеди.

„Бидејќи навиките за велосипедизам се менуваат, особено кога работите се развиваат со ковид-19, ние постојано ги ажурираме овие информации за да ви помогнеме да ја откриете најсигурната рута за велосипедисти“, изјави Вишал Дута, менаџер во Гугл мапс.

Оваа корисна опција за велосипедистите засега е достапна во поголемите европски градови, но не и во нашата земја. Граѓаните преку Гугл мапс во моментов можат да го изберат наједноставниот и најбрз начин на движење помеѓу две точки во Скопје само со автомобил, јавен превоз и пешки, но не и со велосипеди.

Инаку, „Мета.мк“ претходно пишуваше дека за актуелните проблеми со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје и во останатите градови од земјава, кои во текот на корона вирусот единствено се продлабочуваат поради недоволен простор и патеки за движење на велосипедистите.