Со германски „МАН“ автобуси ќе се обновува возниот парк на ЈСП

-

ЈСП – Скопје ќе добие нови единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“. Хрватската компанија „Ауто Хрватска“, генерален застапник за автобуските марки „МАН“, „Отокар“ и „Неоплан“, е победник на тендерот за набавка на нископодни CNG автобуси на компримиран гас за јавниот превоз во Скопје.

Хрватите во втората фаза од тендерот доставиле понуда за новите автобуси во висина од 9,85 милиони  евра, која била пониска од конкурентот „Мак Аутостар“ (застапник на “Мерцедес“), се наведува во информациите за тендерот објавени на веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Мак Аутостар“ за новите автобуси со технологија на компримиран гас доставил понуда со повисока цена, што било причина за одбивање на нивната понуда.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не сакаат да откријат повеќе информации во врска со реализираниот тендер, ниту за бројот на автобусите, иако скопските власти на почетокот зборуваа за 30 – 40 возила. Наредната недела ќе се одржи потпишувањето на договорот. Тогаш ќе бидат соопштени повеќе детали околу целокупната постапка за набавката на новите автобуси.

Врз основа на информациите објавени во самиот тендер, доставувањето на новите автобуси за ЈСП треба да се реализира во првата половина од 2020 година. Нископодните автобуси ќе имаат ЕУРО 6 мотори, со кои ќе се сведе на минимум испуштањето на издувни гасови од јавниот превоз во Скопје.

Покрај тоа што ќе бидат климатизирани, новите автобуси ќе обезбедат и можност за превоз на лица со попреченост. Граѓаните со реализираниот тендер на скопските улици повторно ќе добијат зглобни автобуси, а со нивниот зголемен капацитет за превоз на патници ќе се намалат гужвите во јавниот превоз за време на сообраќајните шпицови.

Новите автобуси за ЈСП – Скопје се набавени со кредит од 10 милиони евра подигнат од ЕБОР, со кој е предвидено да се подобрат услугите во скопскиот јавен превоз.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...