Со едукативната игра „Сајбер Лило“, тинејџерите можат да ги идентификуваат ризиците од онлајн комуникација

Извор: Readiness for Europe

На PLAY Store е достапна новата едукативна онлајн игра „Сајбер Лило“, која е наменета за тинејџери на возраст од 12 до 18 години, за да научат како да ги идентификуваат главните ризици на кои се изложени кога комуницираат онлајн.

„Преку игра и на забавен начин, учениците ќе можат лесно и со поголем интерес да ја совладаат темата за сајбер безбедност и заштита“, се наведува на Фејсбук страницата Readiness for Europe.

Онлајн играта го има добиено своето име од маскотата – вонземјанинот Лило. Тинејџерите можат да одговараат на прашања на оваа тема, доколку одговорат точно на прашањето, Лило е среќен, а за погрешен одговор тој изгледа луто.

Едукативната игра е дел од проектот Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери, финансиран од Амбасадата на САД во Северна Македонија.