Со документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ започнува 12 издание на Филозофскиот филмски фестивал

Фото: Филозофски филмски фестивал

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ)  започнува утре со документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ кој ќе се прикажува во 12 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје.

Инаку главната програма на 12 издание фестивалот ќе се прикажува оди од 1-9 јуни. Документарецот „Генерација: Буњуел, Лорка, Дали“ е приказна за незавршената биографија на Макс Ауб, посветена не само на филмскиот режисер Луис Буњуел, туку и на целата Генерација ’27 со златната тројка Буњуел -поетот Федерико Гарсија Лорка – сликарот Салвадор Дали како стожер на шпанската култура од 20 век.

Во 1967 година, издавачката куќа „Агилар“ побара од Ауб да ја напише биографијата на колегата од мексиканската генерација и егзил, Буњуел. Кога Ауб умира на 22 јули 1972 година, на бирото остава 5.000 страници напишани на машина, резултат на незавршен проект кој ја надминува типичната биографија и ја одразува синтезата на цела генерација шпански уметници чиишто животи беа обележани од три војни и прогонство кое траеше повеќе од 30 години.

Ретроспективата на Буњуел во рамките на Фестивалот ќе се прикажува од 19-27 мај во Кинотеката, со 7 негови најпознати филмови кои ќе бидат проследени со дискусии.