fbpx

Со 900.000 евра европски пари, ќе се подобрат условите за живот на ромските семејства во Прилеп

-

Со приближно 900.000 евра, средства од ИПА2-програмата на Европска Унија и финансиска поддршка од Владата, ќе се подобруваат условите за живот на ромските домаќинства во Прилеп од почеток на овој месец.

Лидер на проектот е италијанската граѓанска соработка „ЦЕЛИМ“ (Centro Laici Italiani per le Missioni) од Милано, а Општина Прилеп и Ромски ресурсен центар се ко-апликатори во проектот.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на средбата со претставници на организацијата лидер на проектот ЦЕЛИМ, разговарале за предлог-акцискиот план за првите шест месеци од реализација на проектот.

„На средбата се разменија мислења за динамиката на реализација на предвидените активности. Во првата фаза од реализацијата на проектот се планира да се започне со изработка на неопходната урбанистичко-планска документација, поддршка на процесот на легализација на објектите на ромските домаќинства, почеток на активностите во рамки на фондот за итни мерки за подобрување на хигиенските и здравствените услови за живеење на ромската популација, почеток на програмата „Школо после школо“ за поддршка на тековните програми за формално и неформално образование, и други активности за кои наскоро подетално ќе биде запознаена пошироката јавност,“ соопштуваат од Општина Прилеп.

Проектот „Обезбедување пристојни услови за живот на ромските домаќинства во Општина Прилеп-СДЛР“, ќе се реализира во текот на три години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...