Со 800.000 долари од САД, Клиниката за хематологија ќе стане центар за несродна трансплантација на коскева срцевина

-

Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче, амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз и директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис денеска на Клиниката за хематологија го најавија проектот за изградба на нов кат над постојаната Клиника, што ќе се реализира со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави.

Амбасадорката Брнз во своето обраќање истакна дека со реализацијата на новиот проект ќе се отвори нов оддел за трансплантација со можност за третман на пациенти со хемотерапија. Дополнително на медицинскиот персонал ќе му се овозможат уште подобри услови за работа и за поголема грижа на пациентите.

– Северна Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се случи и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со Северна Македонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продлжима да работиме заедно не само во справување со пандемијата туку и во зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерс на сите граѓани – изјави амбасадорката Брнз.

Министерот Филипче, заблагодарувајќи се на амбасадорката Брнз за несебичната помош, која во име на амбасадата на САД ја пружаше уште од почетокот на пандемијата, истакна дека овој проект што ќе се реализира на Клиниката за хематологија е уште еден доказ дека пријателите и партнерите треба да се тука и да се најдат кога е најмногу потребно.

– Овој проект за надградување на инфракструктурата на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Таа нова метода на несродна трансплантација на коскена срцевина започна да се прави на Клиниката за хематологија пред 2 години, благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката, менаџерите на клиниката. Претходно пациентите за трансплантација се праќаа во странство. Со овој проект благодарение на амбасадата на САД, до оваа метода ќе имаат пристап многу поголем број на пациенти и секако методата ќе може да се нуди како услуга и во околните земји, бидејќи таквиот тип на трансплантација не се прави никаде во нашиот поблизок регион – рече министерот Филипче.

Директорката на Клиниката за хематологија, д-р Пановска, рече дека со оваа донација значително се зголемуваат капацитетите на клиниката.

-Токму со оваа донација се заокружува процесот на реновирање на нашата клиника што заедно со веќе воведените нови и современи методи за лекување прави нашата клиника да прерасне во регионален центар за лекување на пациентите со малигни хематолошки заболувања. Досега нашата клиника имаше капацитет да спроведува 50-60 трансплантации годишно и притоа пациентите од регонот коишто бараа здравствена помош кај нас, многу често не можевме да ги прифатиме бидејќи немавме просторни услови. Сега, со новоизградениот оддел ние прераснуваме во регионален центар и директна корист од оваа донација ќе имаат сигурно околу 100 македонски здравствени корисници на годишно ниво и 20 пациенти од регионот. Во услови кога светот се соочува со најтешката здравствена криза на современиот свет, единствена заштита на пациентите со малигни хематолошки заболувања претставува адекватната дијагностика и современиот и на време пружен третман – рече д-р Пановска.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...